Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска на повисоките подрачја ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики