Утрински Весник
Свет

Грција го намали карантинот од 10 на 3 дена дена при влез во земјата

Грција го намали карантинот од 10 на 3 дена дена при влез во земјата

Карантинот за граѓаните кои пристигнуваат во Грција е намален од 10 на 3 дена за периодот од 18 декември до 7 јануари. Останува обврската за прикажување на негативен ПЦР тест, направен до 72 часа пред патувањето, како и за брз тест што се прави при влегување во земјата.

Министерството за надворешни работи потсетува дека потребниот карантин и тестовите не се однесуваат на возачите на камиони. Покрај тоа, ограничувањето за преминување на границата само во периодот од 7 до 23 часот, што се однесува на сите други граѓани што ги преминуваат копнените граници на земјата, сè уште не важи за нив.

Грција ја продолжи забраната за влез на странски државјани, вклучувајќи ги и нашите државјани, до 7 јануари. Одлуката важи за периодот од 15 декември до 7 јануари.

Врз основа на заедничката министерска одлука на грчката влада од 12 декември 2020 година, во сила е забрана за влез на странски државјани во Грција, со цел да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

Оваа забрана не се однесува на државјаните на земјите членки на ЕУ и на земјите од шенгенот.

Забраната не се однесува на медицинскиот персонал, истражувачите и здравствените работници, под услов нивниот влез во Грција да има деловни цели, лица кои подолго време престојуваат во земја членка на ЕУ или во шенген-зоната, како и оние кои имаат дозвола за престој во земјите членки на ЕУ или во шенген-зоната.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години