Утрински Весник
Македонија

Владата на Бугарија: Меркел и Борисов редовно комуницираат, и двајцата сакаат решение со Скопје

Владата на Бугарија: Меркел и Борисов редовно комуницираат, и двајцата сакаат решение со Скопје

Премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како и нивните тимови, вршат редовна комуникација на сите теми од заеднички интерес. И премиерот Борисов и канцеларката Меркел се заинтересирани да најдат решение за прашањето со Скопје, соопшти бугарската Влада.

Од таму велат дека напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но, како што се наведува во соопштението, за оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни.

Претходно беше објавено дека Меркел разговарала со бугарскиот премиер за блокадата за Македонија.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, Меркел изразила очекување за надминување на бугарската блокада во блиска иднина.

Германската канцеларка вчера во Бундестагот беше критикувана од пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум, во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.

Крихбаум оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите членки во рамките на ЕУ.

Тој ја праша Меркел како ги оценува шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија, на што таа кусо одговори: „Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана