Утрински Весник
Македонија

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот план, велат од Бирото за образование

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 образовни асистенти

Реформите не предвидуваат укинување научни дисциплини, туку нов пристап во наставата, наведе Бирото за развој на образованието, додавајќи дека со новиот наставен план ниту еден наставник нема да остане без работа.

Бирото кое работеше на новата Концепција за основното образование, најавува дека предлог текстот на Концепцијата ќе биде дадена на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт. Имплементацијата е предвидено да отпочне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители.

По донесувањето на Концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Од Бирото наведуваат дека овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен, а во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми.

БРО истакнува дека предлог-наставниот план предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование. Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците.

„При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети осбено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располга секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа. Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците, Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности“, наведуваат од Бирото за развој на образованието.

Оттука нагласуваат дека иако фондот на часови е намален по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставниицте кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега. Според анализите на БРО ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето).
За сите новини, наставни програми, други активности ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали и прирачници. Бирото за развој на образованието ќе им овозможи на наставниците континуирана обука и поддршка за планирањето, организирањето и реализацијата на наставата и сите предвидени активности во училиштето.

БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи.

„Само преку нови, креативни пристапи ќе успеееме заедно да дадеме нов квалитет на основното образование и да овозможиме нашите ученици да бидат среќни и задоволни во училиштето. Ние, како институција ќе ги вложиме сите напори да успее предвидената реформа, но очекуваме, како и до сега, посветеност, доверба и соработка од наставниците. Образованието мора да биде заеднички интерес на сите во државата, без оглед на етничката, верската, политичката, родовата или која било припадност. Да се обидеме интересот на децата и нивното задоволство од учењето и престојот во училиште да не поврзе и да работтиме за доброто на сите ученици. Наставниците ја покажаа својата посветеност оваа година, кога во услови на здравствена криза, без многу време за посебни подготвоки, успеаа целата настава да ја водат од далечина, така што не се сомневаме во нивната успешност сега кога ќе ја добијат целосно поддршката од институциите за претстојната реформа. Институциите тоа го почитуваат, знаат да го вреднуваат и да работат на враќање на достоинството на наставничката професија“, наведе Биро за развој на образование.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР