Утрински Весник
Магазин

(Видео) Андреа Бочели и Кени Џи изненадија тинејџерка среде пијано рецитал

(Видео) Андреа Бочели и Кени Џи изненадија тинејџерка среде пијано рецитал

Двора Полак е 14-годишна пијанистка која мора да седи дома веќе неколку години поради ретка здравствена состојба.

И покрај нејзините ограничувања, како и ограничувањата поради пандемијата, младата жителка на Мајами, Флорида требаше да настапи на виртуелна гала за Chai Lifeline, меѓународна мрежа за поддршка на здравјето на децата.

И, таа го доби изненадувањето за цел живот кога некои музичари од висок профил, меѓу кои италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели и џез-саксофонистот Кени Џи, се појавија за време на нејзиниот пијано-рецитал „Ханука“.

Видеото започнува со тоа што младата Двора нервозно се претставува во својот дом додека седи со грб кон пијаното. Со заразен шарм и блескава насмевка на лицето, таа гледа право во камерата и открива дека свирење на пијано и пеење се нејзино омилено хоби.

„По мојата операција на осумгодишна возраст, мајка ми ми најде учител по пијано. Мојот сон е да станам музичар – се надевам, пијанистка и пејачка, бидејќи тоа навистина ме радува“, вели Двора во видеото.

Потоа, само што ќе открие дека е многу возбудена да свири пред илјадници луѓе, преку екранот се појавува порака, која ги информира гледачите „Двора мисли дека вечерва настапува соло“.

„Јас сум многу благодарна на Chai Lifeline за оваа прекрасна можност“, понизно додава таа пред да се сврти кон своето пијано. Додека ја свири почетната нота на песната, друга порака трепка низ екранот: „Чаи лајфлајн ѝ организира мало изненадување за неа…“

Тинејџерката започнува да свири самостојно, но веднаш потоа, голем број музичари ѝ се придружија околу 20 секунди од изведбата, а меѓу нив беа виолинистот Џошуа Бел (53) и 13-годишниот Џејкоб Веласкез од „Америка има талент“, на тапани.

Набргу потоа се појави и Кени Џи, кој го испорача неговиот заштитен звук на сопран-саксофон.

Вкупно, имаше 12 музичари кои ѝ се придружија Двора за време на празничниот перформанс.

На крајот од видеото, светскиот тенор Бочели ѝ упатува неколку инспиративни зборови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста