Утрински Весник
Економија

Маркоска: Обезбедени 35 милиони евра за финансирање на локални проекти

Маркоска: Обезбедени 35 милиони евра за финансирање на локални проекти

Обезбедени се 35 милиони евра за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.

Со оваа одлука, како што истакна Маркоска, ќе се финансираат 99 проекти во 75 општини – проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините.

„Ова е директна инвестиција за развој и унапредување на општините, инвестиција што го поттикнува локалниот економски развој. Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во се што е важно за граѓаните, продолжуваме да го помагаме развојот на нашите општини“, додаде Маркоска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот дефицит се намалува

Божиновска: „Македонија веќе не е пасивна крајна точка – стануваме активен партнер и транзитен енергетски крстопат во Југоисточна Европа“