Утрински Весник
Свет

УНИЦЕФ ќе дели храна на деца погодени од корона-кризата во Велика Британија

Од почетокот на учебната година во Бугарија повеќе од 100 ученици и деца заразени со Ковид-19

УНИЦЕФ започна акција во Велика Британија за прв пат во својата 74-годишна историја, за хранење на гладни деца погодени од корона-кризата. Околу 1.800 семејства во Велика Британија коишто ги почувствуваа економските последици поради пандемијата ќе добијат пакети со храна и кутии за време на училишниот распуст, објави „Дејли меил“.

Ана Кетли, директорка на оваа програма на УНИЦЕФ, рече: „Ова е прва итна интервенција на УНИЦЕФ во Велика Британија, за да се спречи страшен напад на коронавирус и да им се помогне на семејствата на кои им е потребна најголема помош“.

Секој пакет храна ќе содржи 10 нутриционистички оброци, кои ќе вклучуваат ананас, овес, кокос и ориз, покрај месо, грав и млеко.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии

Европските лидери поканети на средбата Трамп-Зеленски во Белата куќа