Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Илјадници наставници можно е да останат без работа

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

Илјадници наставници можно е да останат без своите работни места, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го новиот концепт за образованието со кои предметите историја и географија би се интегрирале во еден, како општествени науки, а хемија и биологија во природни.

Според ВМРО-ДПМНЕ ова значи укинување на предметот историја, со цел Владата да им угоди на бугарските власти.

„Брзо помина периодот кога Заев глумеше лажен патриот, пак си се врати во водите каде игра најдобро, а тоа се предавничките политики. Заев да им угоди на Бугарите сега ќе укинувал историја во основните школи со што нанесува тежок блам и срам за државата која се откажува од правото да изучува за својата историја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука повикуваат на повлекување на концептот за образование и веднаш да биде отворена широка и детална презентација на содржините кои се отфрлени и оние кои би останале во образовниот процес, како и широка и детална јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, институции, институти и научни титули, за да не се случи македонската историја да биде одземена од македонската иднина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт