Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Џенифер Лопез ќе ги предводи sвездите на Новогодишната „Рокин Ив 2021“ со дополнителни настапи од Били Портер, Синди Лопер и многу други.

Таа ќе ги изведе своите најголеми хитови за американската публика на настанот познат како „Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест“.

„Еј-би-си“ во вторникот објави дека 51-годишната поп-sвезда и актерка ќе ја предводи прославата, а Рајан Сикрест ќе продолжи како домаќин.

На Лопез ќе ѝ се придружат голем број талентирани изведувачи, вклучувајќи ја Били Портер, поп легендата Синди Лопер и ѕвездата на кантри музиката Џими Ален.

Таа ќе го има главното место за изведба непосредно пред полноќ, започнувајќи ја 2021 година и сигнализирајќи го посакуваниот крај на 2020 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како Месечината влијае во 12-те куќи: Од љубов и кариера до судбински предизвици

Што открива Месечината за човекот според наталната карта

Луѓе кои умерено пијат вино може да живеат подолго