Можеби се наоѓа на дното на земјината топка, но Нов Зеланд е на врвот на филмската индустрија во 2020 година, коментираат медиумите.
Благодарение на справувањето со пандемијата на Ковид-19, земјата ужива невиден бум во филмската продукција, во време кога режисерите бараат безбедни услови, и, најнеостварливото нешто оваа година – нормален живот.
Светските блокбастери, вклучувајќи ги продолженијата на „Аватар“ на Џејмс Камерон, серијалот „Господар на прстените“ на „Амазон“ и „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион – сите оваа година се решија на сложени снимања во Нов Зеланд.
Домашните филмови во земјата исто така добија поттик на киноблагајните со поддршка на нивната филмска индустрија, што доведе еден локален режисер да се пошегува дека сега живеат во „Холивуд на Пацификот“.