Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Италија бројот на починати од коронавирус како во војна

Во Италија бројот на починати од коронавирус како во војна
300x250 opst2

Претседателот на државниот институт за статистика, Карло Блањардо, процени дека годинава во Италија ќе има околу 700.000 смртни случаи, речиси сто илјади повеќе отколку во 2019 година.

„Тоа е како бројот на жртви во војната, последен пат во Италија беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година“, изјави Блањардо за телевизијата РАИ.

Весникот „Ил Фато Котидијано“ коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за коронавирусот, како на пример „војна против пандемијата“ и слично.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите