Утрински Весник
Свет

Голема акција во БиХ во која се вклучени 250 полицајци

Голема акција во БиХ во која се вклучени 250 полицајци

По налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, во земјата се спроведува акција со кодно име „Вулф“. Акцијата има за цел откривање и гонење на лица осомничени за нелегална трговија со големи количини  акцизни производи.

Во акцијата координирана од обвинителот на Специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, повеќе од 250 полицајци на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и Министерството за внатрешни работи на Република Српска се испратени на терен.

Ова е една од најсеопфатните активности во борбата против недозволена трговија со акцизни производи, со кои сторителите се стекнуваат со голема противправна имотна корист.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат

Трамп се откажа од преговорите со Иран

Орбан одби да биде пратеник во унгарскиот парламент