Утрински Весник
Спорт

Кинезите ги ограничија платите на странците

Кинезите ги ограничија платите на странците

Фудбалскиот сојуз на Кина (КФА), реши да ги ограничи платите на странците во клубовите. Во иднина, бруто износот за максималната плата ќе изнесува 3.000.000 евра.

Одлуката ќе започне да се применува од 1.јануари и ќе се однесува на сите странци, вклучувајќи ги и оние кои веќе играат во Кина. Во исто време, КФА, ги ограничи платите на домашните фудбалери на 630.000 евра.

Предвидените казни за оние што нема да го почитуваат оваа правило се движат од одземање на бодови до исфрлање во понизок ранг.

Сепак, играчите чии примања ќе бидат над 3.000.000 евра, ќе можат да потпишат „дополнителен договор за начин на исплата“, но не се објаснува според кој модел тоа ќе се случува.

Новото правило може да значи егзодус на странците од кинескиот фудбал.

> Кинезите ги ограничија платите на странците <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина