Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Богојески: Говорот на омраза на Захариева е скандал од меѓународни размери

Богојески: 10% ДДВ на храната во угостителството и воведување само на стандардни мерки од СЗО за Ковид 19 после 16 јули
Img 7972

Петар Богојески од Македонски концепт јавно бара од МНР и Владата да се произнесат по искажаниот говор на омраза од страна на Бугарија и воедно МНР да побара објаснување од бугарскиот амбасадор во Македонија за говорот на омраза на бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, која во последната изјава не нарекува „северномакедонци“.
 
„Ова е скандал од меѓународни размери. Таа со тоа не асимилира и го забранува нашето право на самоопределување. И ова не е прв пат да го слушнеме од највисокиот државен врв на соседна Бугарија. Повеќе од очигледно е дека Бугарија го менува наративот со цел продлабочување на проблемот, откако САД и Европа јасно порачаа дека местото на Македонија и е во Европската Унија“, вели Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело

Зголемени цените на угостителските услуги

Пинтоска од Левица: Стружани да не се плашат ниту од лавовите, ниту од орлите!