Утрински Весник
Свет
Img 7972

Брнабиќ: Не можеме да им влегуваме дома на луѓето и да пребројуваме колку гости имаат

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега
300x250 opst2

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека треба да се почека уште некое време мерките да почнат да даваат резултати.

„Сега имаме пораст на бројот на заболени во некои градови каде било мирно за време на првиот и вториот бран. Голема молба до сите кои слават Свети Никола, да немаме големи собири“, изјави утрово премиерката за ТВ Пинк.

„Ние не можеме да им влегуваме на луѓето дома и да пребројуваме колку гости имаат. Ве молиме сите да бидете дисциплинирани. Потребно е да му помогнеме на нашиот здравствен систем“, истакна таа.

„Кога ги почитуваме мерките, им даваме шанса на луѓето кои се во болница да се изборат за живот, бидејќи тогаш лекарите имаат повеќе време за нив“, порача Брнабиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина