Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Почнуваме со рушење на власта, прв чекор е интерпелација за Димитров

Мицкоски: Почнуваме со рушење на власта, прв чекор е интерпелација за Димитров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција зборуваше за неколкуте чекори кои неговата партија ги планира со цел, како што рече, да ја сруши ненародната власт и посочи дека прв чекор е интерпелација на Никола Димитров.

„Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие четири години, а она малку што остана сакаат да тргуваат со него и всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност“, рече Мицкоски.

Според лидерот на опозициската партија, Димитров е главниот виновник за, како што кажа, дебаклот што и се случува на Македонија на меѓународната сцена.

Мицкоски најави дека по интерпелацијата на Димитров следуваат и други интерпелации, а како наредна ја посочи онаа за министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон