Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза предизвикана од ковид-19. Направивме реорганизација на здравствниот систем каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата и успешно го амортизиравме силниот есенски бран. Ова го напиша на Фјсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.
Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза…
Posted by Венко Филипче on Monday, December 14, 2020
„Ги активиравме и направивме ротација на сите здравствени работници, план кој беше подготвен уште во летото. Ги ставивме сите ресурси во заштитата на здравјето на граѓаните. Донесовме одлука да ги наградиме сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот. Го зголемивме и бројот на тестирања од ковид-19 и го подигнавме на речиси 3000 дневно. Покрај тоа, отворивме уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и ја забрзавме процедурата за земање на тестови. Набавивме брзи тестови за здравствените установи.
Ги пуштивме во употреба амбулантите на Клиниката за пулмологија и алергологија и клиниките ги пренаменивме во ковид центри, со цел секој пациент кој има потреба од хоспитализација истиот да ја добие потребната здравствена заштита. Забрзано работиме и на проектот за поставување модуларни болници со 16 општини во државата. Се бориме со вирусот и заштита на што е можно повеќе човечки животи.
Обезбедивме 833 000 вакцини за ковид-19 преку КОВАКС системот и работиме на тековната подготовка за нови набавки.
Покрај справувањето со овој вирус, реализиравме и неколку капитални инвестиции:
➡ Целосно го реновиравме Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија;
➡ После 30 години надвор од употреба, го пуштивме во работа целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци;
➡ Новиот крак од струмичката болница се пренамени како КОВИД центар;
➡ Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, а Општата болница во Гостивар го реновираше хируршкото одделение со што ги зголеми болничките капацитети.
Оваа година, докажавме дека јавното здравство може да се бори со светска пандемија. Покажавме дека со вистинска грижа, труд, организираност и мотивираност можеме да издржиме на долг рок.
Се заблагодарувам за дадената доверба. Во перидот којшто е пред нас заеднички продолжуваме во унапредувањето на јавното здравство“, напиша министерот на социјалните мрежи.