Утрински Весник
Свет

Холандија целосно се затвора до 19 јануари

Холандија целосно се затвора до 19 јануари

Строгите мерки и целосното затворање стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе траат пет недели, односно до 19 јануари.

Училиштата, неесенцијалните продавници, музеите, дури и фризерските салони и театри се затвораат. Луѓето се повикуваат да останат дома што е можно повеќе.

Бројот на нови инфекции во Холандија се зголемува, тие имаат скоро 10.000 нови случаи на ден. Бројот на хоспитализирани исто така се зголемува, принудувајќи ја владата на премиерот Марк Руте да воведе ново затворање национално затворање, како во март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа