Утрински Весник
Македонија

„Skopje red light district“ 2020 по втор пат

„Skopje red light district“ 2020 по втор пат

Во четврток, со почеток во 18 часот, ќе се одржи уметничкиот перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала, во рамки на настанот „Skopje red light district“.

Целта е да се доближи шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички.

Овој тричасовен перформанс преку директен пренос ќе може да го следите на Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ.

„Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права. Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти туку и од органите на безбедноста што би требало да не заштитат. Голем дел од предизвиците за човековите права, слабостите и бариерите со кои се соочуваме ние сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики. На оваа неправда Ве потсетуваме секој 17-ти декември, но овој пат похрабри, борбени, гласни, шармантни, силни, со совети како да си го зачувате здравјето“, велат од ХОПС.

Второто издание на SKOPJE RED LIGHT DISTRICT 2020 во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ , е поддржано од Фондација Отворено општество – Македонија и The Sex Workers’ Rights Advocacy Network (SWAN) и се организира во рамки на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Настанот ќе се организира во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на КОВИД-19 вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации