Утрински Весник
Магазин

Писателот Џон ле Кар почина на 89-годишна возраст

Писателот Џон ле Кар почина на 89-годишна возраст

Џон ле Кар, познатиот британски автор на шпионски трилери полни со неизвесност, човекот кој ставаше неподобни шпиони на мрачната шаховска табла на ривалството од ерата на Студената војна, почина на 89-годишна возраст.

Неговиот агент во изјава за медиуите рече дека Дејвид Корнвел, познат на светот како Џон ле Кар, почина по кратко боледување во Корнвол, југозападна Англија, во саботата вечерта.

„Неговата загуба ќе ја почувствува секој љубител на книги, секој што е заинтересиран за човековата состојба“, рече Џони Гелер, извршен директор на групацијата „Картис Браун груп“.

Во класиците како што се „Кројачот од Панама“, „Ноќниот управник“, „Тајниот аџија“ „Нашата игра“ и други, Ле Кар комбинира лирска проза и сложен заплет, што впрочем и се очекува во книжевната фантастика. Во неговите книги има предавство, морален компромис и психолошки данок на тајниот живот на шпионите.

„Момчето, дамата, кралот, шпионот“ и „Луѓето на Смајли“, и „Совршен шпион“ беа екранизиани во телевизиски серии.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста