Утрински Весник
Македонија

Државна помош ќе добијат естрадните уметници, игротеките и ноќните клубови

Државна помош ќе добијат естрадните уметници, игротеките и ноќните клубови

Владата издвои дополнителни 8 милиони евра за Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од Ковид-19 кризата.

Со овој најнов Ковид пакет се опфатени: 731 естраден уметник, со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари). Грантови од по 2.000 евра ќе добијат 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија. Субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, ќе добијат приватните детски градинки, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата.

Финансиска помош е предвидена и за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари. Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;

Пари се предвидени за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари; Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини