Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време со појава на магла

Утре променливо облачно време со појава на магла

Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд. По одделни котлини со појава на утринска магла. Во текот на денот со умерена облачност и со повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, во текот на денот со повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник со повремени врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Обилни врнежи од дожд, на планините од снег!

Вечерва во 20:00 на 4TV: Тасева и Салаи за корупцијата во Македонија

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите – 26/03/2026