Утрински Весник
Свет

Хонг Конг купува 15 милиони дози вакцини од Фајзер и Синовац

Хонг Конг купува 15 милиони дози вакцини од Фајзер и Синовац

Властите во Хонг Конг постигнаа договор за купување на вкупно 15 милиони дози вакцина од Фајзер и Синовац. Според Саут чајна морнинг пост, лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, потпишала прелиминарен договор врз основа на кој ќе земе 7,5 милиони дози од вакцината развиена од „Фајзер“ и „Синовац“.

Алтернативно, Лам изјави дека во тек се преговори со Универзитетот во Оксфорд за набавка на вакцина изработена од британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека.

Целта на администрацијата во Хонг Конг е да го вакцинира целото население од 7,5 милиони бесплатно, со две дози вакцини.Иако првата испорака на кинеската вакцина се очекува да пристигне на почетокот на јануари, вакцините се планира да се дадат во првите три месеци од 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа