Утрински Весник
Свет

Австриски лекари: Третиот бран на коронавирус би бил несовладлив

Во Словенија повеќе од 2.000 новозаразени со коронавирус, 43 починати

Австриските лекари предупредуваат дека третиот бран на зараза со коронавирус за болниците би бил надминат само условно.

Нивото на дневни инфекции е сè уште високо, посочуваат тие, додавајќи дека состојбата на интензивна нега е сè уште тешка.

Специјалистот за интензивна нега, Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена имаат тешки случаи на лица на возраст од 20 и 30 години.

Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочува дека болничкиот персонал бил изложен на екстремни напори со недели, поради големиот број на ковид-пациенти.

„Тој напор не може долгорочно  да се издржи“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патници чекаат и по 7 часа на пасошка контрола низ Европа

Иранскиот и рускиот министер за надворешни работи разговараа за прекин на огнот и Ормутскиот теснец

Најмалку 303 лица во Либан загинаа во израелските напади во среда