Утрински Весник
Свет

Франција воведува полициски час, кој ќе важи и за Нова година

Франција воведува полициски час, кој ќе важи и за Нова година

Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека карантинот ќе биде укинат од 15 декември и дека нема да се бара посебна дозвола или причина за напуштање на куќата и патување, но дека ќе биде воведен полициски час од 20 до 6 часот наутро и дека ќе биде укинат на 24 декември, но не и на 31 декември, како што беше претходно најавено, пренесува порталот „Локал Франс“.

„Сè уште не сме на крајот на вториот бран и нема да ја постигнеме целта ако до 15 декември не достигнеме 5.000 новозаболени на ден. Знаеме дека собирањето за време на празниците е ризик. Затоа треба да останеме внимателни“, рече тој на прес-конференција.

Тој ги повика сите што може да продолжат да работат од дома, да останат дома што е можно подолго и да избегнуваат собири.

Останува во сила и одлуката сите кина, театри и културни центри, кои требаше да бидат отворени на 15 декември, да останат затворени до 7 јануари в година. Баровите, рестораните и спортските сали ќе останат затворени најмалку до 20 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик