Таа е суперѕвезда која го надмина стариот репер на „тројна закана“ како култна пејачка, танчерка, актер, продуцент и навидум бесконечен претприемач, коментираат таблоидите.
И во четвртокот на Билборд-наградите „Жени во музиката“, Џенифер Лопез беше почестена за својата биографија од светски ранг, која датира од 80-тите години на минатиот век, со наградата икона за 2020 година.
Во својот говор за прифаќање, преку видео, Лопез им се заблагодари на многу уметници со кои соработуваше, а кулминираше со нејзиното семејство.
Во видеото, таа му се заблагодари на вереникот Алекс Родригез, на своите и неговите деца додека ја прифаќаше наградата.
„Алекс и нашите четири прекрасни деца: ви благодарам, многу ве сакам. Сè што правам е за вас дечки“, рече таа со гордост.