Утрински Весник
Македонија

Совет на амбасадори: Во ЕУ е потребен поинаков механизам на одлучување – „консензус минус еден“

Совет на амбасадори: Во ЕУ е потребен поинаков механизам на одлучување – „консензус минус еден“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советот на амбасадори изразува голeмо разочарување што во моментов се блокирани пристапните преговори со ЕУ заради, како што велат од таму, непринципиелните ставови на Република Бугарија.

„Ваквите позиции на официјална Софија, во нашата јавност предизвикуваат и силна осуда, особено заради фактот дека блокадата на нашите евроинтегративни процеси доаѓа од само една земја-членка, и тоа од нашето непосредно опкружување“, се вели во соопштение испретено од Извршниот одбор на Советот.

Во него се додава дека Советот на амбасадори во своите идни активности ќе ја поттикнува идејата за модернизирање на механизмот на одлучување во Европската Унија, врз принципот „консензус минус еден“.

„Разновидноста на земјите-членки, создава реални можности, процесот на одлучување и за други важни прашања од структурен и организационен каракатер за функционирање на Унијата, да се соочи со сериозни проблеми врз постоечките принципи во ЕУ, како што овој декември тоа и се случи на РС Македонија со блокадата од страна на само една земја-членка“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра