Основен суд во Белград на предлог на обвинителството му одреди мерка притвор на Даријан Мандиќ, осомничен за семејно насилство, до 30 дена. Обвинителството објави дека побарало притвор по презентирањето докази во кривичната постапка против Мандиќ, синот на пејачот Оливер Мандиќ.
39-годишниот Даријан е обвинет за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга, и неодамна се бранеше со молчење на рочиштето во обвинителството. Тој беше сослушан во Третото основно јавно обвинителство во Белград затоа што ја прекршил мерката за забрана за пристап на неговата сопруга. Имајќи предвид дека се бранеше со молчење, тричлена комисија донесе одлука да изврши неговото психијатриско вештачење.
Тој беше уапсен на 10 ноември затоа што го демолирал автомобилот на Јелена Мандиќ во Нов Белград.