Утрински Весник
Македонија

Облачно и постудено, попладне дожд

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд кои во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.  
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кога милионите пристигнуваат во спам – а вистинската цел е вашиот паричник

Тетовец две години ја уценувал поранешната партнерка со експлицитни снимки

Силјан: На избори се добива мандат – не тапија на татковината