Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Џонсон: Голема е веројатноста да нема договор за брегзит

Џонсон: ЕУ не сака трговски договор со нас
Img 7972

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека преговорите за постигнување трговски договор со Европската унија може да пропаднат.

Обраќајќи се на телевизијата „Скај Њуз“, тој ги предупреди своите сонародници да се подготват за брегзит без договор.

Како што пренесуваат странските агенции, предложениот договор не е од корист за Велика Британија.

„Веќе постои голема веројатност… за постигнување решение што многу повеќе личи на односите на Австралија со ЕУ, отколку на Канада“, рече тој, осврнувајќи се на идните трговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ според правилата на Светската трговска организација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија