Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Кај Козара во БиХ исчезна мал авион, потрагата трае со часови

(Видео) Кај Козара во БиХ исчезна мал авион, потрагата трае со часови
Img 7972

Лошото време и маглата во областа на планината Козара и околу градот Омарска ја отежнуваат потрагата по исчезнатиот спортски авион, пишува сараевскиот порталот „Кликс“.

Според АТВ, пак, во авионот имало две лица – пилот и оператор, а не три како што претходно беше објавено.

https://www.youtube.com/watch?v=wlJD65VN7FY

Како што дознаваат медиумите, авионот утрово летал кон Велика Кладуша, каде презел медицински материјали за кампањата за вакцинација на лисици. На враќање, товарот требало да се фрли над Козара, но во 13:40 часот бил изгубен контактот со пилотот.

Авионот полетал од аеродромот во Маховљани утрово, а уредот што испраќа сигнал за несреќата бил активиран во моментот кога бил изгубен контакт со авионот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на подрачјето на Козара денес преовладувале лоши временски услови.

https://www.youtube.com/watch?v=jcqzuiWzTLM

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци