Утрински Весник
Македонија

Владата прифати амандмани за предлог-буџетот, повеќе пари за уставните судии и МРТ

Стартува иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите

Владата денеска на седница го утврди текстот на Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година, прифаќајќи 18 амандмани кои произлегоа од расправата во собраниските комисии.

Од владината прес-служба попладнево информираа дека се одредени дополнителни средства од девет милиони денари за Уставниот суд за плати и надоместоци, како и дека е донесен заклучок за обезбедување дополнителни средства за одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис.

Текстот на дополнетиот Предлог-буџет ќе биде доставен на усвојување на Собранието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата