Утрински Весник
Македонија

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија

Во полициската станица во Гевгелија, во утринските часови на 9 декември било пријавено дека во апартман во градот, бил пронајден починат 46-годишниот грчки државјанин со иницијали S.A.

Починатиот имал привремен престој во Гевгелија, а од страна на доктор од итната медицинска помош констатирана била смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа на гевгелиската полиција, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит