Утрински Весник
Македонија

Тројно зголемена потрошувачката на лекови против згрутчување на крвта, Филипче вели има доволно количини

Тројно зголемена потрошувачката на лекови против згрутчување на крвта, Филипче вели има доволно количини

Потрошувачката на лекови против згрутчување на крвта и тромбофилија е тројно зголемена во однос на истиот период лани, потврдуваат од Министерството за здравство, од каде потенцираат дека добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и дека во моментов нема недостиг од ваква терапија ниту во аптеките, ниту во болниците.

„И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како Клексанот и Ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со Ковид-19 кај кои се јавуваат одредени проблеми со крвта“, вели министерот Венко Филипче.

Тој појаснува дека добавувачите на овој тип на лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но поради зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.

„Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвациите од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничка аптека ги има во континуитет и и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата“, вели Филипче.

Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни колични на Клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk