Утрински Весник
Свет

Европол разби 25 банди во Европа, уапсени речиси 700 луѓе

Европол разби 25 банди во Европа, уапсени речиси 700 луѓе

Лекови и допинг супстанци вредни 73 милиони евра се запленети во Европа, а во кација на Европол, уапсени се 667 луѓе и растурени се 25 криминални организации.

Европол координирал со операцијата „Штит“ во обид да се спречи производството на лажни пари, лекови и супстанци за допинг, се наведува во соопштението.

Во операцијата учествувале полициски единици од Финска, Франција, Грција и Италија, во соработка со уште 27 земји од Европа.

Акцијата траела од март до септември оваа година, разбиени се 25 банди и уапсени се речиси 700 луѓе и запленета е голема количина лекови за канцер, болки, вируси…

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд