Утрински Весник
Свет

Нови правила во БиХ, на дозволите ќе пишува дека возачот е донор на органи

Нови правила во БиХ, на дозволите ќе пишува дека возачот е донор на органи

На возачките дозволи во БиХ наскоро ќе биде наведено дека возачот се согласува неговите органи да бидат донирани во случај на смрт.

Станува збор за измена и дополнување на Законот за основите на безбедноста во сообраќајот на патиштата во БиХ, а оваа опција е дефинирана во случај кога некое лице потпишува ваква изјава при поднесување барање за возачка дозвола.

Овој закон беше усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина на предлог на Дамир Арнаут.

Арнаут на „Твитер“ напиша дека тоа е нормална пракса во светот, да се запише во возачка дозвола ако некое лице сака да донира органи во случај на смрт.

„Времето не се троши на согласност на семејството во ситуации кога е важна секоја секунда. Бројни животи се спасуваат“, изјави Арнаут за порталот Кликс.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик