Утрински Весник
Магазин

Џони Деп се обрати до Апелациониот суд во Лондон во обид да ја поништи пресудата за случајот клевета

Џони Деп се обрати до Апелациониот суд во Лондон во обид да ја поништи пресудата за случајот клевета

Џони Деп можеби ја изгуби битката, но тој сепак смета дека може да ја добие војната.

Холивудскиот актер се обрати до Апелациониот суд во Велика Британија во обид да ја поништи пресудата на Високиот суд минатиот месец дека весникот „Сан“ не го клеветел кога го опишал како тепач на жена, пренесува порталот „Дедлајн“.

Според жалбата до Апелациониот суд, видена од британската генција „Прес асосиејшн“, Деп продолжува со правната битка што го чинеше загубена улога во серијалот „Фантастични sверки“ на „Ворнер Броз“ , додека актерот се обидува да ги поништи обвинувањата изнесени од неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Судијката Ендру Никол претходно истакна дека употребата на изразот „тепач на жена“ од страна на весникот во статија од 2018 година е суштински вистинита. Во нејзината пресуда исто така стои дека Деп физички ја нападнал Херд.

Деп реши да се бори против оваа пресуда. Неговиот адвокатски тим се обрати до Апелациониот суд во Лондон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста