Утрински Весник
Свет

Гутереш: Вакцините мора да бидат дистрибуирани до сите земји

Гутереш: Вакцините мора да бидат дистрибуирани до сите земји

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, денес предупреди дека „вакцинашкиот национализам“ се шири со полна брзина, односно дека посиромашните нации во последно време ги гледаат богатите земји како се подготвуваат за вакцинација, додека се прашуваат дали и кога ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

Шефот на ООН повтори дека дистрибуцијата на вакцини треба да биде за општо јавно добро, достапна за секого, особено во Африка, објави АП.

Тој апелираше за реализација на проектот на Светската здравствена организација, вреден 4,2 милијарди долари, во следните два месеци, со кој ќе се доставуваат вакцини до најсиромашните земји во светот.

Гутереш рече дека системот Ковакс е единствениот што гарантира дека вакцините ќе бидат доставени до африканските земји и другите земји во развој.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, минатата недела се обрати пред Советот за безбедност на ООН дека светлото на крајот од тунелот станува сè посилно, додавајќи дека вакцините мора да се делат подеднакво, а не да служат како привилегија за одделните заедници и да станат нова причина зошто некои луѓе запоставени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина