Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пентагон се подготвува за вакцинацијата против коронавирус

Пентагон се подготвува за вакцинацијата против коронавирус
Img 7972

Пентагон првата вакцинација против коронавирус ќе ја спроведе на 16 места во САД и во странство. Приоритет ќе имаат здравствените работници, вработените во службите за итни случаи и корисниците на домови за воен персонал којшто е во пензија, пренесува АП.

Потоа, кога ќе станат достапни следните залихи на вакцини, ќе се спроведе имунизација меѓу воениот персонал кој извршува задачи од клучно национално значење, како што се тимови одговорни за нуклеарно оружје и сајбер безбедност, но исто така и во одредени воени единици кои се подготвуваат за распоредување. Вакцинацијата ќе биде на доброволна основа затоа што вакцината Фајзер првично беше наменета за итна употреба, но подоцна може да стане задолжителна доколку Администрацијата за храна и лекови издаде целосно одобрување за употреба, изјавија официјални лица.

Неколку врвни службеници во Министерството за одбрана ќе бидат меѓу првите кои ќе ја примат вакцината, како што се вршителот на должноста министер Кристофер Милер и генералот Марк Мајли, командант на Генералштабот на американската армија. Некои од нив ќе ги примаат вакцините во јавноста за да ја покажат довербата на Пентагон во безбедноста на вакцината.

Пентагон првично ќе добие нешто помалку од 44 000 дози вакцина, а времето за почеток на вакцинацијата зависи од тоа кога Агенцијата за храна и лекови ќе издаде одобрување за дистрибуција и употреба на вакцината Фајзер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите