Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлодираше прототип на ракетата на Илон Маск

(Видео) Експлодираше прототип на ракетата на Илон Маск

Прототипот на ракетата „Старшип“ на компанијата Спејс Екс, експлодираше за време на обидот за враќање назад.Експлозијата се случила неколку минути по пробното полетување од погонот за лансирање на компанијата во Тексас, за што се појавија видеоснимки.

Уништената ракета „Старшип“ беше прототип на ракетата за лансирање тешка 52 метри, развиена од приватната вселенска компанија на Илон Маск за пренесување луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и Марс.

Пробниот лет требал да достигне височина од 12,5 километри, за прв пат со погон на три новоразвиени мотори на роторот на Спејс Екс. Во твит веднаш по несреќата, Маск рече дека „притисокот во резервоарот за гориво бил мал за време на спуштањето, поради што брзината на контактот била голема“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа