Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство
Img 7972

Во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Фондацијата Метаморфозис, денеска на прес-конференција го промовираше Порталот за отворено владино партнерство.

„Оваа електронска алатка преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот. Порталот за ОВП има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информации во четири сегменти: консултации за подготовка на Националниот Акциски План (НАП), следење на спроведувањето на НАП, како и за следење на работата на Советот за ОВП и на Мрежата на граѓански организации за ОВП“, рече министерот Јетон Шаќири.

Според министерот, со оглед на искуствата од оваа година и потребата од промена на начинот на работа, без физичко одржување на состаноци, порталот нуди можност за одржување на онлајн виртуелни состаноци со разговори во живо- live chat и видео поврзување на учесниците.

Министерот исто така рече дека во тек е подготовката на новиот Националниот Акциски План, 2021-2023, со активна вклученост на стотина претставници од граѓанскиот и јавниот сектор, што не само што ќе ја олесни комуникацијата и соработката помеѓу засегнатите страни вклучени во процесот туку и на долг рок ќе помогне во следењето и унапредувањето на иницијативата за Отворено владино партнерство во нашата земја.

„Развојот на ова портално решение во тесна соработка со Фондацијата Метаморфозис и поддршката од УСАИД преставува доказ дека преку партнерски однос, не само Владата туку и другите чинители во нашето општество, колективно и рамноправно учествуваат во унапредување на концептот на Отворена Влада“, рече министерот Шаќири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден