Утрински Весник
Економија

Профитот на малезиски производител на ракавици се зголемил за 2.000%

Профитот на малезиски производител на ракавици се зголемил за 2.000%
Dik 300x250 mk

Малезиската корпорација „Top glоve“ соопшти дека нејзината нето добивка скокнала повеќе од 20 пати, бидејќи бранот на епидемијата од коронавирус во последните месеци влијаеал на растот на побарувачката за заштитни гумени ракавици, но и на зголемување на продажната цена.

Нето добивката на компанијата во периодот септември-ноември се зголемил за 2.030 проценти, на 2,38 милијарди рингити (585,49 милиони американски долари) во споредба со 111,4 милиони рингити во истиот период минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Приходите се зголемиле за 294 проценти, на 4,76 милијарди рингити (1,17 милијарди долари), се вели во соопштението на најголемиот светски производител на гумени нараквици.

„Предвидуваме дека во следните три години и натаму ќе има недоволно ракавици. Зголемувањето на побарувачката е главно водено од критично ниската залиха на ракавици во магацините на клиентите“, рече извршниот директор Лим Чеонг Гуан на прес-конференција.

Компанијата проценува дека побарувачката за ракавици ќе се зголеми за 20 проценти оваа година, 25 проценти следната година и за 15 проценти по пандемијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити