Утрински Весник
Македонија

Дополнителен број лекари во сите ковид-центри на интерните клиники

Дополнителен број лекари во сите ковид-центри на интерните клиники
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники при што разговарале за третманот на болните, моментната состојба со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот се разгледувала и состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пацинетите кои се хоспитализирани.

„И покрај зголемената побарувачка на одреден број на лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови“, било посочено на средбата.

Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување на ковид-пациенти.

Во однос на кадарот, било посочено дека ќе бидат испратени дополнителен број лекари во сите ковид-центри на интерните клиники.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опожарено возило во скопски Чаир

Двајвца повредени откако „голф“ излетал од патот

ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник, независен кандидат се повлече од трката за вториот круг