Утрински Весник
Спорт

Ридигер го напушта Челси, Милан и Јуве ќе се борат за неговиот потпис

Ридигер го напушта Челси, Милан и Јуве ќе се борат за неговиот потпис

Милан и Јувентус, во зимскиот преоден рок, ќе водат битка за потписот на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер. Медиумите на Апенинскиот полуостров пишуваат дека тренерот на Челси, Френк Лампард, нема да смета на услугите на 27-годишникот.

Милан и Јувентус од почетокот на сезоната имаат проблеми со повредите на своите фудбалери од одбраната, Ридигер им се чуни дека е добар избори, бидејќи добро го познава италијанскиот фудбал. Пред да се пресели во Челси, Ридигер го носеше дресот на Рома.

Неговата цена е 18 милиони евра, а наводно Челси биле подготвени да го позајмат со задолжителен откуп на неговиот договор во летниот преоден рок.

> Ридигер го напушта Челси, Милан и Јуве ќе се борат за неговиот потпис <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец