Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ се кае што дошол во Барселона

Пјаниќ се кае што дошол во Барселона

Миралем Пјаниќ, минатото лето, во размената за Артур Мело, заврши во Јувентус. Најавуван како големо засилување в редот за врска на Барселона, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, кај Роналд Куман не успеа да се наметне во тимот.

Пјаниќ, од почетокот на сезоната најчесто игра во првиот состав против послабите тимови, против оние силните започнува од клупата за резерви.

Во интервју за „Газета дело Спорт“ открил дека воопшто не е среќен како му започнала кариерата на „Ноу Камп“.

„Искрено не ја разбирам оваа ситуација. Сакам повеќе да играм, знам дека многу можам многу. Добро се прилагодив во новиот тим, одиграв добри натпревари. Не знам што повеќе да направам. Тренирам, подготвен сум“, рекол Пјаниќ.

„Не сум и не можам да бидам задоволен. Во текот на целата моја кариера никогаш не сум ја прифатил идејата да не играм, нема да го направам тоа ни сега. Ќе видиме што ќе се случува, подготвен сум, чекам…што друго да правам. Ситуацијата е чувствителна и не ми оди во прилог“, заклучил Пјаниќ.

> Пјаниќ се кае што дошол во Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот