Утрински Весник
Спорт

Без голови во градското дерби, Шкупи и Македонија сигурни

Без голови во градското дерби, Шкупи и Македонија сигурни

Вардар и Работнички во скопското дерби одиграа 0:0, додека Македонија Ѓорче Петров и Шкупи со победи го заддржаа темпото со Шкендија во 15. коло во македонската Прва лига.

Ако некогаш старото дерби беше за висок пласман, овојпат Вардар и Работнички со поенот од дербито остануваат на седмото, односно осмото место.

Македонија Ѓорче Петров по тешкиот пораз од Шкендија во претходното коло, се врати со 3:1 победа на гости кај последнопласираната Беласица, додека Шкупи се доближи на два поени до лидерот со 3:1 победа кај Пелистер пред големото дерби со Вардар во следното коло.

ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО

Вардар – Работнички 0:0

Беласица – Македонија ЃП 1:3

Пелистер – Шкупи 1:3

Ренова – Силекс 0:0

Струга Трим Љум – Академија Пандев 1:1

Табела:  1.Шкендија 33, 2.Шкупи 31, 3.Македонија ЃП 29, 4.Борец 22, 5.Силекс 21, 6.Струга 21, 7.Вардар 20, 8.Работнички 18, 9.Ренова 15, 10.Пелистер 12, 11.Академија Пандев 11, 12.Беласица 10.

Фото: ФК Работнички

> Без голови во градското дерби, Шкупи и Македонија сигурни <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026