Поразот на Барселона од 2:1 од Кадиз во саботата го потврди најлошиот старт на една сезона во Ла лига од 1987/88 година, кога имаа само 13 поени по 10 натпревари, во однос на 14-те кои ги имаат освоено оваа сезона.
Барселона сега заостанува 12 поени зад Атлетико Мадрид, и е на само три поени од зоната за испаѓање, во несфатлив пад на формата на тимот на Роналд Куман. Поразот од новиот прволигаш Кадиз (кој ги победи и Реал Мадрид), дојде во 63. минута кога катастрофалната грешка во одбраната му дозволи на Алваро Негредо да донесе три поени за својот тим.
Куман признава дека се работи за голем чекор назад.
„Не смееме да примаме такви голови, тоа е сигурно. Како да ни недостасува концентрација. Тешко е да се објасни што се случи бидејќи имавме добра недела. Ова е голем чекор назад и нормално дека сум разочаран. Ако не го подобриме односот кон фудбалот, немам што друго да кажам“, вели Куман.
По Реал Кадиз ја победи и Барселона
> Барса има најлош старт од 1987/88 – на три поени од зоната за испаѓање! <