Утрински Весник
Спорт

Шкендија победи во Велес

Шкендија победи во Велес

Фудбалерите на Шкендија, во привот натпревар од 15.коло, забележаа гостинска победа од 2:0 над Борец.

Стрелци на головите за лидерот на табелата беа Ибраими од пенал во 25. и Дориев во 84.минута.

Борец не ги искористи своите шанси и периодите на добрата игра за да остане непоразен. Од таборот на домашниот тим имаат и промедби на судењето.

Шкендија на врвот има 33 поени, пет повеќе од Шкупи, додека Борец на четвртото место има 22 бода.

Останатите од 15.коло се играат утре од 13 часот: Вардар – Работнички, Пелистер – Шкупи, Струга ТЛ – Академија Пандев, Ренова – Силекс, Беласица – Македонија ЃП.

Фото/facebook.com/fcshkendija

> Шкендија победи во Велес <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот