Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, во пресрет на утрешното дерби против Тотенхем, истакнал дека противникот заслужено го држи првото место на табелата, во Премиер лигата.
Арсенал, од 14 место на табелата, ќе влезе во дербиот на северен Лондон, кое утре ќе се одигра на стадионот на Тотенхем.
„Тотенхем се први бидејќи го заслужија тоа. подобро се пласирани од нас, бидејќи постигнуваа добри резултати. Мораме тоа да го прифатиме. Сепак наша це е да ги освоиме бодовите и да ја намалиме разликата во однос на нив“, рекол Артета.
Дербито ќе го следат 2.000 навивачи, фанови на Тотенхем.
„Секако дека е подобро да се игра пред публика, без оглед на тоа колку глеачи ќе има. Не сметам дека тоа ќе биде некоја предност за Тотенхем. Навивачи ќе има и на нашиот стадион наредната недела“.
Дербито на северен Лондон утре ќе започне во 17.30 часот.
> Артета: Тотенхем заслужено се први во лигата <