Утрински Весник
Свет

Од денес во Москва може да се резервира термин за вакцинација преку интернет

Од денес во Москва може да се резервира термин за вакцинација преку интернет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Москва денес воведе интернет-услуга за резервација на термин за вакцинирање против Ковид-19, два дена откако претседателот Владимир Путин повика на вакцинација од голем обем.

„Спутник 5“, една од двете вакцини од руско производство, кои добиле регулаторно одобрување во Русија, и покрај тоа што клиничките испитувања се нецелосни, се дава во две инјекции. Во меѓувреме, студиите покажаа дека таа е 92% ефикасна во заштитата од Ковид-19.

Во Русија се развиваат 10 вакцини, рече Ана Попова, шефица на надзорното тело за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“, објави агенцијата ТАСС.

Жителите на Москва можат да се пријават за бесплатно вакцинирање на 70 места во градот, а термините започнуваат в сабота, се наведува на веб-страницата на градоначалникот. Термините најпрво им се достапни на социјалните работници, лекарите и наставниците на возраст меѓу 18 и 60 години, и во приватните и во јавните институции. Сите московски граѓани кои имаат интернет можат да резервираат термин, но мора да имаат доказ за нивното занимање, се наведува на веб-страницата.

„За другите жители на Москва, бесплатните вакцинации ќе бидат достапни подоцна“, се вели на страницата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Украинците сонуваат за мир и за крај на Путин

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн